Македонија

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева си замина дома, беше во затвор дека земала кауч како мито и неколку илјади евра кои никогаш не се докажаа

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева си замина дома, беше во затвор дека земала кауч како мито и неколку илјади евра кои никогаш не се докажаа

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделава го напушти КПУ „Идризово“, каде од 2021 година издржуваше затворска казна.

Како што изјави директорот на затворот Зоран Јовановски за СДК.МК, Јанева е пуштена на условен отпуст и до истекот на седумгодишната казна (до 2027 година) ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите пропишани услови.

Во спротивно, може повторно да биде вратена во затвор.

Апелациониот суд Скопје во јули 2021 година ѝ ја потврди седумгодишната затворска казна за предметот „Рекет“, во која беше осудена заедно со Бојан Јовановски.

Тој беше за „Рекет“ од милион евра земен од тогаш осомничениот Орце Камчев, за наводно да влијае врз Јанева да му понуди спогодба и да не оди во затвор, а Јанева за земање мито во вид на кауч и неколку илјади евра, кои никогаш јасно не се докажаа ни со очевидци, ни со јасни фотографии, а ни со банкарски трансакции или други јасни докази колку што можеше да забележи јавноста зад стаклото во судницата.

Јанева и претходно имаше одредени олеснувања во издржувањето на казната, но дел од привилегиите ѝ беа укинати по контрола од новото раководство на Управата за извршување на санкциите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни