Марина Петровска и Огнен Караѓозовски викендов ќе го кажат судбоносното „ да “ пред неколку илјади посетители од земјава и странство, на 46-тото издание на Галичка свадба.
Oд 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, во убавиот Галичник, ќе се
одржи традиционалната Галичка свадба. Пред големиот спектакл
ексклузивно се запознаваме со Марина Петровска, галичката невеста и
младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.
Неколку илјади посетители од земјава и странство се очекува да
пристигнат на оваа традиционална манифестација. Уникатните свадбарски обичаи и ритуали, богат колорит на народните носии и изворните песни и ора
се печат за овие краеви од Македонија.
Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска
свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот
Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник. Се запознале на своето работно место, а останатото погледнете го во продолжение од извадокот од нивното гостување во „Ја сакам Македонија“.
youtube/XwYAvBsmQxw
