Свет
18,277,477
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
19,041
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
4,478
Вкупно починати
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02
Македонија
123,710
Вкупно оздравени
Updated on 20/04/2021 17:02 17:02

Експерт предупредува на „Ковид ураган од 5-та категорија“: „Ќе видиме нешто што досега не сме го виделе во нашата земја“

Американскиот експерт за инфективни болести предвидува нов застрашувачки замав на пандемијата на коронавирусот во САД и предупредува на опасност од ширење на британскиот сој на коронавирусот.

Мајкл Остерхолм, американски експерт за инфективни болести, предупредува дека на САД му се заканува „невреме од 5-та категорија во облик на нов и позаразен вид на вирусот SARS-CoV-2, кој што првобитно беше откриен во Велика Британија“.

„Ќе видиме нешто кое што досега не сме го виделе во оваа земја“, порачал Остерхолм и додал дека Американците не треба да се „опуштаат“ поради падот на бројот на новозаразени од коронавирусот во нивната земја.

„Замислете каде се наоѓаме моментално, седиме на некоја плажа каде што има пријатна температура и совршено сино небо и нежен ветер. Но, гледам ураган од 5-та категорија, на 700 километри од крајбрежјето. Да им кажете на луѓето да се евакуираат во текот на денот – тешко. Но, можам да ви кажам дека тој ураган доаѓа“, уверува американскиот експерт кој своето мислење го искажал во текот на гостувањето во неделната емисија на „NBC“ – „Meet The Press“.

Инаку, во САД веќе подолго време не „владее синото ведро небо“ кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, затоа што САД веќе подолго време според статистиките се вбројува во една од „полошите“ земји кога станува збор за справувањето со пандемијата.

Остерхолм е директор на Центарот за истражување на заразни болести при Универзитетот Минесота.

Тој исто така упатил апел што повеќе луѓе да се вакцинираат против коронавирусот, особено постарото население (барем со една доза од вакцината).

„Навистина можеме многу да направиме за да се намали бројот на новозаразени и починати во иднина и да го избегнеме наредниот бран кој што доаѓа“, порачал Остерхолм. 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com