Експертите предупредуваат: Ако патувате со авион, избегнувајте ги овие седишта

Општо е познато дека летањето може сериозно да ја оштети вашата кожа. Со дехидрација, сув воздух и суровите ефекти на климатизацијата, постојат голем број фактори кои можат негативно да влијаат на кожата на патниците во авионот. Сега, поранешна стјуардеса откри кои седишта се најдобри, а кои најлоши за зачувување на вашата кожа за време на летот.

Како што објаснува експертот за убавина и поранешна стјуардеса Даниел Луиз, влажноста во кабината може да падне под 20 проценти, што е уште посуво од условите во Сахара.

Кога на тоа ќе се додаде рециклиран воздух, УВ зрачење на големи надморски височини и ограничено движење, некои седишта придонесуваат за побрзо губење на влага во споредба со другите, објавува Дејли Меил.

Најлош избор за кожа се седиштата до прозорец, бидејќи патниците на овие места се повеќе изложени на УВ зраци и имаат послаба циркулација на воздухот.

Спротивно на тоа, најдобрата опција се седиштата до ходник во централниот дел од кабината, каде што протокот на воздух е порамномерен, а промените во влажноста се помалку изразени.

Најголема дехидрација на кожата е забележана во првите и последните пет реда од авионот, каде што температурата и протокот на воздух се најнестабилни.

Патниците што седеле во централниот блок (B, C, D, E во поголемите авиони) пријавиле помалку затегнатост и иритација по слетувањето.

  • Луѓето често не сфаќаат дека изборот на седиште во авионот навистина влијае на состојбата на кожата. Седиштата до прозорецот добиваат најмногу УВ зрачење, дури и кога е облачно, бидејќи сте многу поблиску до сонцето и светлината се рефлектира од облаците. Ова е идеалната формула за дехидратација – изјави таа, додавајќи:
  • Значителни падови на влажноста се евидентираат и во предниот и задниот дел од авионот. Кожата многу брзо ја губи влажноста, особено кај оние кои веќе користат ретинол или киселини – заклучи поранешната стјуардеса.