Неколку луѓе загинаа во експлозии на два руски воени аеродроми. Ова го пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се на руски државни медиуми.
Цистерна со гориво експлодира, при што загинаа тројца, а се повредени шест на аеродром во близина на градот Рјазан, југоисточно од Москва. Други две лица се повредени во експлозија на аеродром во Саратовската област.
Засега не е познато што ги предизвикало експлозиите. Двете области се на стотици километри од украинската граница. „Овие извештаи – за двете експлозии во две различни воени бази – ќе поттикнат шпекулации дека Украина може да стои зад нападите“, рече уредникот на Би-Би-Си за Русија, Стивен Розенберг.
Се верува дека руските стратешки бомбардери со долг дострел се сместени во воздухопловната база Енгелс во регионот Саратов. Регионалниот гувернер на Саратов вели дека безбедносните сили ги истражуваат, како што рече, „извештаите за инцидент во воени објекти“.