Македонија

Експресно заврши средбата на работните групи – Власта и опозицијата повторно без договор за законот за ЈО

Нова неуспешна рунда преговори на власта и опозицијата во обид да се постигне консензус за новиот закон за јавно обвинителство. Средбата која се одржа во Собранието траеше само 15-ина минути по што и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички информираа дека и натаму имаат суштински разлики за законот и дека ќе остават простор партиите уште еднаш да ги разгледаат можните решенија и заклучоците од лидерската средба. Нема најави кога повторно ќе се сретнат само рекоа дека ќе продолжат со преговорите.

Инаку, преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пред средбата влегоа со сосема различни ставови околу законот за јавно обвинителство. Дескоска во врска со денешните преговори со опозицијата рече дека не е оптимист но е реалист, како што рече, имајќи предвид со кого преговара. Таа истакна дека постојат неколку разлики меѓу кои е и назначувањето на новиот шеф на обвинителството од кои и двете страни не отстапуваат од нивните позиции.

Милошоски пак рече дека за нив е важно опозицијата да ја има клучната улога во номинирањето на новиот главен обвинител, што за власта не е прифатлива предложената методологија.

Пред почетокот на средбата претседателот на државата изјави дека е оптимист околу преговорите за законот.

Денешната средба е прва откако пред десет дена беше одржана лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски за законот за јавно обвинителство, која заврши неуспешно.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни