По некомплетното второ коло, денеска во Е групата се играат дуелите од оваа рунда познато е дека трикратниот европски шампион Франција нема да продолжи во следната фаза заедно со Босна и Херцеговина од групата Д бидејќи двете селекции се без бод по два натпревара. Уште еден натпревар денеска ќе имаат и ракометарите на Србија, најверојатно и Летонија и Полска кои се репрезентации без освоен бод.
Денеска на шампионатот се играат шест натпревари во три групи:
А група/ Црна Гора – Белорусија и Хрватска – Србија
Ц група/ Летонија – Германија и Холандија – Шпанија
Е група/ Исланд – Русија и Данска – Унгарија
Инаку, дуелот Исланд – Русија ќе го судат македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Ова за нив е прв натпревар на шампионатот.
Од Виена
Марјан Ников
