Големиот број македонски навивачи кои ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Виена ќе имаат свое место за собирање пред и по дуелите. Во фан зоната најава за доаѓање има и од македонските иселеници кои живеат во Австрија, Швајцарија, Германија,…
Локалот на мак-фан зоната се наоѓа на следната адреса: LERCHENFELDER GÜRTEL 15 1160 WIEN.
Во текот на вчерашниот ден во салата забележавме и македонски навивачи, кои купуваа влезници и напоменаа дека сеуште има слободни места во салата која има капацитет од 12.000 седишта.

Од Виена
Марјан Ников
