Епидемиолози од ИЈЗ се во секојдневна комуникација за состојбата на Македонците кои се на крузерот

Состојбата на тројцата Македонци “заробени” на крузерот во јапонското пристаниште поради заболени со корона вирус е добра и тие не се меѓу заразените.
 
Министерот за здравство вели дека оваа информација е од утрово, бидејќи двајца епидемиолози од ИЈЗ биле во постојана комунилација со лица од Меѓународен здравдтвен правилник кои им давале податоци за нашите граѓани. Инаку, бродот на кој има 3700 лица а на кој тројцата млади Македонци се дел од екипажот, ќе биде во карантин до 19 февруари.
 
Филипче вели дека засега немаат најава од кинеската амбасада кога работниците од Кина кои се работно ангажирани во земјата ќе се вратат назад.
 
Сања Димитровска

Извор: Сител телевизија