Свет

Ердоган и Путин телефонски разговараа за Украина, Сирија и билатералните односи

Ердоган и Путин телефонски разговараа за Украина, Сирија и билатералните односи

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, денеска остварија телефонски разговор во кој разговараа за односите меѓу двете земји, ситуацијата во Украина, како и случувањата во Сирија.

Според соопштението на кабинетот на турскиот претседател, Ердоган ја истакнал важноста од продолжување на мировниот дијалог меѓу Русија и Украина и изразил подготвеност да биде домаќин на третата рунда директни преговори во Истанбул, штом се утврдат соодветни датуми за двете страни.

„Разговаравме за билатералните односи, регионалните и глобалните прашања. Претседателот Ердоган нагласи дека Турција е подготвена повторно да ја преземе улогата на посредник и да биде домаќин на нова рунда мировни разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул“, се наведува во соопштението.

Разговорот, како што пренесува руската новинска агенција ТАСС, се одржал во контекст на тековните геополитички предизвици и напорите за стабилизирање на ситуацијата во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни