Свет

ЕУ и САД го осудија терористичкиот напад

ЕУ и САД го осудија терористичкиот напад

Дипломатите на САД и Европската унија го осудија нападот во Турција.

„САД стојат со нашиот сојузник Турција и силно го осудуваат денешниот терористички напад. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен во објава на социјалните мрежи.

„Силно го осудуваме тероризмот во сите негови форми. ЕУ ја изразува својата солидарност со Турција во овој тежок момент“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни