Македонија

ЕУ одлучи, се отвораат границите! Ковид-сертификати за патување во Македонија од идната недела

Земјите-членки на ЕУ се согласија да ги отворат границите за сите патници кои примиле двете дози на вакцина против коронавирус, пренесува АФП, повикувајќи се на европски извори.

Дигиталниот сертификат може да отвори повеќе земји на ЕУ за патување во рамките на Унијата на крајот на јуни, дури и за време на пандемијата на коронавирус, како и загриженост за нови видови на коронавирус, според „Јутарњи лист“.

Министерот Филипче најави и дека идната недела се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за вакцините, со кои ќе може да се патува низ европските држави. Во комуникација се, како што рече, сѐ уште со српските колеги, од каде што се чекаат податоци за граѓаните што примиле вакцина таму, за да може ревакцината да ја добијат во Македонија, ако не станува збор за „Астра Зенека“, која кај нас не се дава на лица под 60 години.

„Ние следната недела ќе го издадеме т.н ‘грин-пас’, тоа ќе биде оној електронски кју-ар код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР-тест и евентуално за антитела. Па кој било од трите параметри, ако се бара во која било европска земја, да може патникот да ги има со себе“,додаде Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни