Еве како нашите баби ја лечеа болката во стомакот

Болката во стомакот и грчевите можат да бидат крајно непријатни, без оглед на тоа дали настанале поради лошото варење или почетокот на менструацијата.

Пред да одлучите да земете некој од лековите, ве советуваме да пробате старомоден лек, а тоа е да го стоплите стомакот неколку минути. Топлината има две намени.

Прво, благодарение на неа, грчевите во абдоминалната празнина се намалуваат, и второ, нервите активирани од топлина го стимулираат лачењето на дигестивните сокови.

За вакви случаи, нашите баби секогаш имаа готова торбичка направена од мек памук, исполнета со жито. Таа се затоплува, а потоа се става на стомакот на пациентот во лежечка положба. За идеално да се наместите, треба да легнете на страна и да ја притиснете торбата на стомакот со перница.

Како што покажуваат модерните студии, само две минути се доволни за да се намалат болките и грчевите. Наместо вреќичка со жито, може да ви помогне шише со топла вода, само внимавајте да не го отворите.