Еве какво време не очекува утре

Утре ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минимална температура ќе биде од 6°C до 12°C, додека пак максимална температура од 10°C до 16°C.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.