Московскиот аеродром „Шереметјево“ е прогласен за најпрометниот аеродром во Европа за месец јуни.
Според британскиот портал „Ер сервис 1“ овој аеродром примил 2.94 милиони патници.
На второ место секако е аеродромот во Истанбул, кој дочекал и испратил 2.8 милиони патници, а на трето место е уште еден аеродром од Москва – „Домодедово“, со патнички сообраќај од 2,45 милиони луѓе месечно.
Општо, најпрометниот аеродром во историјата останува „Хитроу“ во Лондон. Меѓутоа, последниве два месеци, тој се наоѓа на 17-то место во статистиката за аеродромите во Европа.
„Шереметјево“ стана првиот аеродром во Русија што понуди единствена можност за минување пасошка контрола со помош на биометриски податоци.