Еве колку чај можете да пиете дневно, а да не претерате

Пиењето чај има многу бенефити, но ако се претера, тогаш може да има и негативни последици.

Студиите покажале дека пиење на три шолји на чај дневно, може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 11%.

Се вчитува...

Сепак, претераната конзумација може да доведе до одредени проблеми. Чајот содржи 50 милиграма кофеин по една доза. Па конзумирање на премногу чај може да доведе до зависност од кофеин, што ќе ви ја отежне концентрацијата, ќе се чувствувате нервозни и ќе го поремети вашиот ритам на спиење.

Со друга страна се смета дека чајот може да ја спречи способноста на телото да го апсорбира железото, ако се конзумира во преголеми количини.

Затоа од три до пет шолји чај е сосема доволно за еден ден.