Европа со сериозен недостиг од камионџии – Македонија под закана од транспортна криза

Во Европа моментално недостигаат околу 500.000 возачи на камиони, а бројката постојано расте – пред само две години недостигот изнесувал 233.000. Проблемот дополнително ќе се влоши поради масовните пензионирања во наредните години.

Според проценките на Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), до 2029 година во пензија ќе заминат околу 17% од сегашните возачи. Официјалните податоци покажуваат дека просечната возраст на возачите е 47 години, над 30% се постари од 55, а само 5% се помлади од 25 години.

Ваквите демографски трендови носат сериозна закана – се очекува до 2028 година на европскиот континент да недостигаат повеќе од 745.000 возачи на тешки товарни возила. Најтешка е ситуацијата во Шпанија, Италија и Германија, но кризата веќе има потенцијал да го погоди и регионот, вклучително и Македонија, преку зголемени транспортни трошоци и нарушени синџири на снабдување.