Годинашните победници на песната на Евровизија, украинската група Калуш Оркестра, планираат турнеја по Европа за да може да соберат пари за укрианската војска која три месеци се бори против руските сили кои ја нападнаа земјата, објавија членовите на бендот.
Фронтменот на Калуш Оркестра, Олех Псиук, на прес-конференција во Лавов рече дека бендот наскоро ќе објави на Инстаграм кои градови ќе ги поминат на турнејата.
„На секој настап ќе собираме пари за потребите на војската“ – рече Псиук.