4NEWS.mk

ФА Куп: Четвртфинале за Сити и Лестер

Манчестер сити и Лестер се пласираа во четврт-финалето на англискиот ФА куп по минимални победи, додека лошата серија на Тотенхем продолжува, откако се приморани да играат продолженија по 1:1 ремито со Норич во регуларните 90 минути.

Манчестер сити, свежи по освојувањето на Англискиот Лига куп во неделата, гостуваа кај второлигашот Шефилд венсдеј и како и секогаш на висината на задачата беше Серхио Агуеро, кој стрелаше во 53. минута за минимална 1:0 победа на „Хилсборо“.

Лестер пак, уште повеќе се намачија со второлигашот Бирмингем сити, стигнувајќи до 1:0 победа во 82. минута со голот на Рикардо Переира.

Тотенхем на Жозе Мурињо дојде во водство во 13. минута преку Јан Фертонген, но Норич успеа да израмни преку Јосип Дрмиќ на десетина минути пред крајот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни