Свет

Фајненшл тајмс: САД ја намалуваат помошта за европските земји на границата со Русија за стотици милиони евра

Фајненшл тајмс: САД ја намалуваат помошта за европските земји на границата со Русија за стотици милиони евра

САД ќе ги намалат програмите за безбедносна поддршка за европските земји што граничат со Русија за стотици милиони долари, објави денес „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според британскиот весник, претставници на Пентагон минатата недела ги информирале европските дипломати дека САД повеќе нема да финансираат програми за обука и вооружување на трупи во земјите од Источна Европа.

Се додава дека земјите од Европската Унија се шокирани од таквата одлука и се обидуваат да ги разјаснат деталите за намалувањето на американската помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни