4NEWS.mk

Фатално пукање во Северна Каролина: Едно девојче убиено во трговски центар, две деца ранети

Едно 13-годишно девојче е убиено, а двајца тинејџери се повредени во пукање во трговски центар во Северна Каролина, соопшти денеска локалната полиција.

Пукањето се случило во предградието на Шарлот, Конкорд.

Двете момчиња се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, додека девојчето починало на лице место, соопшти полицијата преку Твитер.

Засега не е позната причината за пукањето, а не е објавено дали некој е уапсен по инцидентот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни