Шест лица загинаа на фестивал на змејови во Индија, пренесува The Sun. Меѓу загинатите има три деца, меѓу кои и едно бебе.
Фестивалот се одржувал во сабота, а некои умреле со пресекување на грлото од конците кои биле користени за контролирање на змејот. На настанот се собраа огромен број луѓе со змејови. Некои од собраните користеле остри жици за да ги контролираат змејовите. Ова наводно им помага на нивните змејови да летаат подобро.
Ова доведе до трагедија. Жиците на некои луѓе им пресекоа грла. Вкупно 176 лица побарале лекарска помош, некои поради исеченици, некои поради падови кои настанале за време на хаосот.
Најмладата жртва имала две години, а на фестивалот дошла со својот татко. Јажето и се завиткало околу вратот, а таа починала следниот ден во болница.
Загинаа и тригодишно девојче и седумгодишно момче. Еден од загинатите е 35-годишниот Свамиџи Јадав. Трчал преку мостот кога жицата му го пресекла вратот.