Раперот 50 цент ја шокираше јавноста кога на личниот Инстаграм профил на неговиот син му искоментирал дека посакува да го удри автобус.
Причината за ваквиот коментар е тоа што неговиот 21-годишен син Маркиз Џексон се фотографирал со синот на неговиот сопарник Суприм Мекгриф.
-Ако и двајцата мали нигери ги удри автобус, тоа не би ми го расипало денот, напишал 50 Сент во коментари.
50 Сент и Суприм се ривали веќе долго време, а Суприм кој наводно планирал да го убие раперот, моментално отслужува доживотна затворска казна поради обид за убиство и криумчарење дрога.
Младиот Маркиз наводно не знаел за конфликтот помеѓу својот татко и Мекгриф кога се фотографирал со неговиот син.
Тој не е во добри односи со 50 Сент, а се претпоставува дека тоа е последица на бурната разделба со неговата мајка Шаниква Томпкинс, која во 2009 година го тужела раперот барајќи 50 милиони долари, но случајот бил одбиен.
Извор: Сител

