Филипче: Дисперзијата останува, зависниците ќе земаат метадон пред лекарот

Здравствените власти остануваат на одлуката проблемот со зависниците на метадонска терапија да го решат со дисперзија.

Се вчитува...

Наместо сите 530 корисници да земаат метадон во Центарот во Кисела Вода, ке бидат префрлени во повеќе општини. На вчерашниот координативен состанок во МЗ каде беа градоначалниците на Кисела Вода и Гази Баба, невладини организации и лекари, договориле дека дисперзијата е најдобро решение, но нема да ја реализираат додека не разговараат и со локалното население.

За почеток ке има пунктови во поликлиниките во Јане Сандански и Ченто, болницата во Бардовци и Центарот во Кисела Вода за каде фалат само сефови за чување на метадонот.

Филипче најави дека следни центри ќе подготват и во Чаир, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Сања Димитровска

Извор: Сител телевизија