Филипче немоќен против загадувањето, Министерството за здравство без конкретно решение

Министерот за здравство Венко Филипче нема никакво решение за загадениот воздух. Му преостана само да препорачува употреба на заштитни маски против загадувањето. Засега ова е максимумот на Министерството за здравство.

Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, вели дека повторувањето на советите и мерките е неопходно и нормално, и дека нема други мерки кои би можеле да се преземат во моментов. Тој додава дека ништо повеќе од ова не може да се очекува од Министерството за здравство.

Освен мерките кои треба да ги преземат институциите, од Министерството за здравство препорачуваат и граѓаните да се грижат за нивното здравје, но и да дадат свој придонес за намалување на аерозагадувањето. Инаку, Скопје и понатаму е меѓу најзагадените градови во светот, додека годинава, за решавање на проблемот со загадувањето, Град Скопје одвои само 4.2% од својот буџет.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21