Филипче: ОБ Кичево добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека за првпат ОБ Кичево добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ).

„Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања. Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области. Изразувам голема благодарност на нашите пријатели од ЕУ, евроамбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп, кои финансиски го поддржаа овој проект за помодерен, современ здравствен систем каков што заслужуваат пациентите и медицинскиот персонал“, додава Филипче.

Поврзани вести

Најважното