За првпат во историјата на македонското здравство се обезбедени современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови, односно современа терапија со која се овозможува квалитетен живот на болните од рак и евентуално излекување. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференцијата на Здружението “Борка – за секој нов ден”.
Станува збор за 30 нови биолошки лекови кои се исклучително скапи, а Министерството успеа да ги обезбеди за најголемиот број пациенти кои се со хемато – онколошки малигнитети, но и пациентите со солидните тумори.
Од “Борка” уште еднаш ја посочија важноста од рано откривање на ракот, а од Министерството за здравство посочија дека во фаза е централизација на сите онколошки оддели во Скопје, со цел максимална поддршка на пациентите.
На глобално ниво, месец септември е посветен на подигнување на свеста за малигните болести на крвта.
Горан Симоновски