Ова е најцрн извештај за последните 24 часа во Македонија од почетокот на пандемијата. Бројот на позитивни случаи од вкупно направени тестови се искачи на 30%. Болниците се полнат, капацитетите се намалуваат, Минситерството за здравство апелира, да се почитуваат мерките, тие кои се заглавени во Собрание пак, итно да се донсесат.
„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огроме“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
.
