Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека вакцинацијата се одвива со добра динамика и потврди дека половина од девата кои не примиле вакцина сега се вакцинирани, а интересот кај родителите за да ги вакцинираат своите деца останува во тренд.
За жал, секој ден има нови случаи на пациенти со морбили кои се примаат на Инфективната клиника. Помеѓу четири-пет до десет пациенти на ден се прегледуваат. Тие кои се со полесна форма се упатуваат на домашно лекување, а останатите се хоспитализираат. Вкупниот број пациенти што се лечат на Инфективна клиника е 30-тина. Децата кои имаат потешка форма, компликации, во смисла сериозно воспаление на белите дробови, се уште се во тешка, но стабилна состојба“, рече Филипче.
Според него, тоа со што сега се соочуваме за жал е резултат на падот на колективниот имунитет, што се случува од 2014 година наваму.