Филипче: Тројца пациенти заболени со COVID-19 во влошена здраствена состојба

На денешната прес конференција министерот Филипче рече дека СЗО прогласи пандемија што беше и очекувано.

– Состојбата на заболените кои се на Инфективна шест лица се стабилни, а кај тројца од нив имаат лесни потешкотии и проблеми со дишењето, се интезивира терапијата и сите тројца се над 56 години. Утринава еден пациент од Германија се јавил на Инфективна со висока температура и се испитува за коронавирусот, а резултатите ќе бидат објавени во текот на денот заедно со контролните тестови кои биле во контакт со првозаболената и беа во изолација 14 дена- рече Филипче.

Вчера беше назначена нова директорка на Клиниката за кожни болести.

Извор: Сител телевизија