Филипче: Вработен во лабораторијата на Детска клиника е позитивен на Ковид-19

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека е потврден позитивен на Ковид-19 вирусот вработен во лабораторијата на Универзитетската клиника за детски болести.

„Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа, на 4 од 18-те вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи, користена е целосна заштитна опрема, според протоколот“, рече Филипче.

Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека во моментов не е информиран дека заразениот имал директен контакт со пациент, односно дека во лабораторијата се работи со целосна заштитна опрема.

Извор: Сител телевизија