Филипинскиот претседател Родриго Дутерте остро го критикуваше рускиот лидер Владимир Путин за убиство на невини цивили во Украина, јавува Асошиетед прес.
„Многу луѓе велат дека Путин и јас сме убијци. Им реков на Филипинците – Навистина убивам луѓе. Но, јас убивам криминалци, а не деца и постари лица“, рече Дутерте. Тој додаде дека тој и Путин живеат во различни светови.
Дутерте ја напушти функцијата претседател на Филипините на 30 јуни, кога му завршува шестгодишниот мандат. За тоа време, тој постојано беше критикуван за убиства на луѓе вклучени во шверц и трговија со дрога во земјата. Бројот на загинати се проценува на 6.000.
Во своето обраќање, Дутерте директно разговараше со Путин, опишувајќи го како пријател.
„Тоа може да се случи. Вие го започнавте овој проблем и мора внимателно да ги следите вашите војници“, рече Дутерте.
Тој се закани и дека проблемот со војната мора целосно да се реши, бидејќи во спротивно нема да има разговори меѓу Филипините и Русија.