Поврзи се

Македонија

Филипов за ТВ21 ја потврди кандидатурата за претседател: Очекувам СДСМ да донесе правилна одлука (ВИДЕО)

Ѓорѓи Филипов, екс амбасадорот на Македонија во неколку земји, е новиот кандидат за претседател од редовите на СДСМ. Филипов во минатото беше амбасадор на Македонија на Берлин, Виена, Јапонија и Словачка.

ТВ21 денеска разговараше со Филипов кој ја потврди информацијата.

„Поднесов кандидатура на повикот на СДСМ за претседател на Република Македонија. Очекувам СДСМ да ги разгледа сите кандидатури, и да донесе правилна одлука“, изјави меѓудругото новиот и прв кандидат за претседател од редовите на СДСМ.

Конечната одлука за претседателскиот кандидат на владеачката партија, ќе биде донесена на Конгресот на 3. март.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com