На синоќешното гостување во ТВ21 на директорот на финансиската полиција Афарат Муареми, истакна дека странска компанија е осомничена за злоупотреба од 200 милиони евра.
„Трансакциите се направени порано, во 2013 година и тоа како инвестиција. Сега забележавме дека парите кои стигнале во Македонија како инвестиција, надлежно тело од друга држава отворила истрага за истите пари каде се смета дека има фалсификување на документација. Автоматски ние можеме да сметаме дека тие пари се исперени во Република Македонија“, рече Муареми на гостувањето во нашата телевизија.