Поради голем горски пожар што избувна на околу 60 километри од Мадрид, евакуирани се 3.500 луѓе, пренесува агенцијата „Франс прес“, повикувајќи се на информации од шпанската полиција.
Од превентивната евакуација се засегнати жителите на местото Алдеа дел Фресно.
Пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но силните налети на ветерот го отежнуваат гаснењето. Ситуацијата на терен останува критична.