Свет

Финска и Шведска ги предадоа апликациите за влез во НАТО

Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг изјави дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност.

Шефот на НАТО истакна дека Алијансата ќе ја процени кандидатурата за членство што е можно побрзо, но безбедносните интереси на сите сојузници „мора да се земат предвид“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни