Автомобили

„Фолксваген“ планира затворање на три фабрики во Германија

„Фолксваген“ планира затворање на три фабрики во Германија

Главниот синдикален лидер на „Фолксваген“ изјави дека најголемиот европски производител на автомобили планира да затвори најмалку три фабрики во Германија како дел од големата акција за намалување на трошоците со цел компанијата да стане поконкурентна.

Плановите, исто така, вклучуваат намалување на платите од 10 отсто во водечката фабрика на „Фолксваген“ и кратење во сите преостанати фабрики во земјата, рече шефицата на работниот совет Даниела Кавало, која исто така е член на надзорниот одбор на компанијата во Волфсбург, Германија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни