Поврзи се

4NEWS.mk

„Фолксваген“ повторно да одложува одлуката за отворање фабрика во Турција

Published

on

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ повторно ја одложи одлуката за изградба на нов производен погон во Турција.

-Текстот продолжува по рекламата-

-Имаме уште време и можеме тоа сигурно да го спроведеме до средината на годината, изјави неименуван извор за британските медиуми.

Изворот запознат со одлуките во комапнијата вели дека Надзорниот одбор нема обврска да донесе одлука до крајот на февруари.

Уште во декември, пренесуваат германските медиуми, од „Фолксваген“ беше кажано дека одлуката ќе биде донесена во февруари.

„Фолксваген“, заради турската воена офанзива во Сирија, минатата есен ја замрзна одлуката за инвестицијата тешка повеќе од милијарда евра во оваа земја.

Планот е во градот Маниса, во непосредна близина на Измир, да се изгради погон со годишен капацитет на производство од 300.000 автомобили, во вредност од милијарда долари и 4.000 вработени. Предвидено беше до крајот на оваа година да се почне со изградбата, а производството на автомобилите беше планирано за 2022 година.

И покрај одложувањето на одлуката, концернот истакнува дека не бара алтернтивна дестинација. Србија, Бугарија и Романија изразија интерес да ја добијат оваа голема инвестиција, но „Фолксваген“ се одлучи за Турција.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев

Македонија

Талески: Пресудата е резултат на политички прогон и монтиран политички процес против мене

4NEWS.mk

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

4NEWS.mk

Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

4NEWS.mk

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

4NEWS.mk

Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот

Македонија

Лукаревска од УЈП во „Click Plus“ ги објаснува процедурите за користење на мерките на Владата

Македонија

Ангеловска: Се соочуваме со голем предизвик, ова претставува проблем за буџетот

Македонија

Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

Македонија

Што со работниците кои добиле отказ или понуден им е спогодбен договор? Одговара Ангеловска во #ClickPlus

Реклама