Македонија

ФОТО: Автомобил Пежо заврши во езерце во Градски Парк

Автомобил „пежо“ со скопски таблички пропаднал во езерцето во Градскиот парк. Повредени нема.

Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека нивни екипи се испратени на терен.

До Територијалната противпожарна единица на Град Скопје досега нема пријава за евентуална интервенција.

Слика со пропаднатиот автомобил беше објавен на фејсбук страната „Ние сме од Скопје“.

Сѐ уште не се знае како автомобилот се нашол во езерцето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни