ФОТО: Битолчани протестираат додека трае владината седница – транспаренти за „Рекет“, загадениот воздух, името…

Со транспаренти поврзани со случајот „Рекет“, промената на името, како и загадениот воздух група битолчани попладнево пред општинската зграда излегоа на протест.

Како што велат тие, револтирани од актуелната власт, бидејќи многу им ветила а ништо не исполнила.

Дел од граѓаните кои протестираа се и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а велат дека спас е само предвремени парламентарни избори.

Инаку вечерва во Битола се одржува редовна владина седница со која раководите претседателот на Владата, Зоран Заев.

Ова е прва седница која се одржува надвор од просториите на Владата во Скопје. На неа покрај премиерот, присутни се и сите министри.

Извор: ТВ21