Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела примал инфузија во својот кабинет додека држел состанок, дознава 4NEWS.mk, а фотографијата ја обвија Ина-онлајн.
Сега министерот се чуствува добро.
На фотографијаата се гледа како шефот на македонската дипломатија има состанок со луѓе, но додека се одвива состанокот тој практично прима инфузија.
Пластично шише полно со течност е закачено на закачалката, а цревото за инфузија е доволно долго за да стигне до фотелјата на којашто седи министерот.
Напорната, крајногодишна агенда и последните подготовки за преземање на главниот предизвик, претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година, не му даваат одмор на министерот Османи.