ФОТО Дел од фасада падна во Козле

Дел од фасада на зграда денеска падна во Козле.

Според информациите, се работи за 10-катница на улица „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Карпош.

За среќа, на местото немало жители, а на терен веднаш пристигнале инспектори кои вршат увид.