Македонија

ФОТО Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад

ФОТО Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад

Во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, денеска е пријавено горење кабли, при што се создава густ црн чад што се шири во околината.

Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.

Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни