Словенија денес беше изненадена од две силни бури, кои донесоа исклучително голем град, пренесува 24ur.com.
Освен силниот ветер и врнежите, невремето повторно донесе и силен град, со големина на топче за голф, што ги изненади метеоролозите.
„Внимание! Во централниот дел на земјата се формира силна бура со силен град! За време на невремето можни се силни налети на ветер и врнежи. Ниту еден метеоролошки модел не го предвидел ова“, соопшти словенечката агенција за животна средина (Арсо), пренесува Неурје.си.
Жителите на Словенија на социјалните мрежи објавија фотографии од градот со големина на топче за голф, а некои парчиња беа во дијаметар од дури шест сантиметри.
Првиот бура систем се формира над Фриули-Венеција Џулија и се придвижи кон западот на Словенија, а во меѓувреме ослабна. Вториот се појави над централна Словенија и се движеше кон исток.
Метеорологот Лука Равник од Арсо за 24ur вели дека на места се уште може да има посилни налети на ветер. Покрај портокаловото предупредување поради невреме за делови од Словенија, предупредување е издадено и за целата земја поради екстремни горештини.
Невремето предизвикува проблеми и во делови од Словенија, а поради врнежите можна е голема количина на вода на патиштата. Се повикуваат возачите во Словенија да возат внимателно и да не застануваат под надвозници и во тунели.