ФОТО: Новиот Супермен е бисексуалец!

Американскиот произведувач на стрипови „Ди-си комикс“ најави дека новиот Супермен, Џон Кент, ќе биде бисексуалец. Во своето следно издание на стрипот што треба да излезе во ноември ќе биде претставена приказната за врската на Џон со пријателот Џеј Накамура.

Ова издание е дел од серијата „Superman: Son of Kal-El“ во која Џон ја презема наметката од својот татко Супермен, Кларк Кент.

Американската издавачка куќа оваа вест ја соопшти во пресрет на денот за подигнување на свеста за ЛГБТ-лицата во САД.

Во едно од претходните изданија, Џон се спријатели со Џеј, новинарот со розова коса.

„Ди-си комикс“ соопшти дека двојката започнала емотивна врска во петтото издание, бидејќи Џон „физички и психички се изморил обидувајќи сѐ да го спаси секој човек“.

Деталите за заплетот сѐ уште не се објавени, но на илустрациите што ги објави издaвачката куќа се гледа бакнежот помеѓу Џон и Џеј.