Оштетена е иконата на Исус Христос на големиот крст во скопската населба Драчево.
Според фотографиите, непознати лица ја оштетиле иконата во пределот на очите на светецот, а покрај местото ставен е и Куран.
Ваквиот чин ги вознемири граѓаните, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот е пријавен вчера и се преземаат мерки.