Свет

ФОТО Погледнете го моментот кога галеб се судри со борбен авион вреден 86 милиони евра

ФОТО Погледнете го моментот кога галеб се судри со борбен авион вреден 86 милиони евра

Фотограф успеал да го фати моментот кога галеб се судрил со шпански борбен авион.

Неверојатна фотографија доаѓа од Шпанија од еден авијациски настан каде фотографите успеале да го фатат моментот кога галеб се судрил со борбен авион и го скршил стаклото од пилотската кабина.

Кон средината на јуни, авион вреден околу 86 милиони евра учествувал во акробатски лет на тимот „Еурофајтер“ над воената воздухопловна база Сан Хавиер. За среќа, пилотот успеал безбедно да слета и не бил повреден.

Необичниот момент го забележал авијацискиот фотограф Хавиер Алонсо де Медина Салгеро. Тој слушнал преку радио дека авионот удрил во галеб и дека пилотската кабина е смачкана.

„Кога ги видов фотографиите, бев шокиран. Предниот дел од пилотската кабина беше скршен“, рече тој.

Патем, судирите со птици не се невообичаени. Само во САД, годишно се пријавуваат повеќе од 13.000 вакви случаи. Многу е ретко да се регистрира ваков настан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни