Полицајците кои се во кордон пред Владата попладнево со штит се „борат“ против невремето.

Според фотографиите, може да се забележи дека тие штитот го држат над себе со цел да не наврнат.
Инаку, и денеска во 19 часот продолжуваат протестите против францускиот предлог.

Од УХМР претходно известија дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град.
