Македонија

ФОТО Познатата активистка Грета Тунберг во Македонија

ФОТО Познатата активистка Грета Тунберг во Македонија

Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг деновиве престојува во Тетово, каде што го посети просторот на новиот Социо-културен центар „Простор Тетово“, чија адаптација е во тек.

Од Центарот информираат дека во изминатата недела повеќе од 100 волонтери од локалната заедница, како и од Белгија, Косово, Црна Гора и Босна, активно работеле на подготовките и уредувањето на новите простории.

Инаугурацијата на новите простории е закажана за утре во 18:00 часот.

Претходно таа најави дека ќе се приклучи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф.

„Јас сум во Скопје, каде што македонскиот парламент вчера одби да изгласа испраќање хуманитарна помош во Газа. Мора да покажеме солидарност и да возвратиме. Ќе се приклучам на дискусија во социјалниот центар ‘Дуња’ и на блокадата на реката Дошница“, кажа Тунберг во видео објавено на Фејсбук.

Престојот на Тунберг во Тетово доаѓа по нејзиното учество на пропалестински протест во Тирана, а пред тоа беше депортирана од Израел, каде се обиде да достави хуманитарна помош за цивилите во Газа преку бродот „Мадлен“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни