Премиерот Димитар Ковачевски вечерва присуствувал на официјалната церемонија на која беше претставен проектот Bloomberg Adria во Македонија.
„Медиумите имаат важна улога во креирањето на јавното мислење, но и придонес во креирањето на владините политики. Ми беше чест да присуствувам на презентацијата на Блумберг Адриа платформата во Северна Македонија. Овој светски гигант кој е веќе присутен и кај нас претставува одлична дополна во македонскиот медумски простор, особено во делот на пласирање содржини од областа на економијата. Упатувам честитки до целиот тим и им посакувам успешна работа“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.
Блумберг Адриа, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа, официјално стартуваше на, 1 јули 2022 година.
Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести – ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Северна Македонија, Србија и Словенија.